Whole Property Наем на цела вила Кожуфски
Наем на цела вила Кожуфски до 8 лица
Резервирај цела вила на Кожуф. Во вилата е дозволено да се сместат од 1 до 8 лица. Без разлика дали ќе сте 2 или 8 гости, вилата е достапна за секого.
Вила Кожуфски – цела приватна вила за 1 до 8 лица, во туристичката населба Смрдлива Вода на планината Кожуф, покрај река и опкружена со шума. Вилата се изнајмува целосно, без разлика на бројот на гости, и не се дели со други посетители.
Распоред (90 м²):
Приземје: 1 одвоена спална соба со брачен кревет (2 лица), дневна со седмосед на развлекување (2 лица), опремена кујна, трпезарија и бања.
Поткровје: 2 пространи брачни кревети (4 лица).
Содржини: Камин на дрва, Wi-Fi, Smart TV со Netflix, проектор за домашно кино, билјард, караоке, друштвени игри и комплетно опремена кујна.
Надворешен простор: Планинска река со природен базен, скара, надворешна трпезарија, лежалки, хамаци и приватен паркинг.
Погодна за: Парови, семејства со деца и друштва до 8 лица. Цената се пресметува според бројот на гости и избраните датуми.
Повеќе детални информации можете да најдете и на Кајак.мк со еден клик ОВДЕ.
Доколку сакате да го слушнете звукот на природата во дворот на вила Кожуфски, тогаш кликнете на линкот и уживајте: https://youtu.be/RIDHYldXur4
Вила Кожуфски се наоѓа во туристичката населба на планината Кожуф, на околу 800 метри надморска височина. До вилата може да се пристигне директно со автомобил, а на располагање има приватен паркинг простор за повеќе возила.
Многумина би ја нарекле населбата „Здрава Вода“, бидејќи токму овде извира една од најздравите минерални води во Македонија. Mестото е познато по чистиот воздух, кислородот и густата шума кои придонесуваат за вистинско природно закрепнување.
Туристичката населба е во развој и се очекува да стане една од најатрактивните планински дестинации во Македонија во годините што следат.
Локација
Координати: 41°11'29.1"N 22°17'01.2"E
Сместувачки капацитет
Вилата располага со:
- 3 брачни кревети
- 1 седмосед на развлекување (за 2 возрасни лица)
Распоред на просториите
Приземје 50m2:
- 1 приватна спална соба со екстра простран брачен кревет (2 лица)
- Дневен престој со седмосед на развлекување (2 лица)
- Опремена кујна и трпезариска маса која се развлекува и се прилагодува за 8 лица.
- Купатило со тоалет
- Ходник
Поткровје (40m²):
- 2 екстра пространи брачни кревети (4 лица)
Максимален капацитет
- До 8 лица за ноќевање
- Комотно може да се сместат 2 семејства со по 2 деца
- Идеално за парови кои сакаат уживање и спокој во природа
- Идеално за едно семејство со деца (за поголема приватност)
Опременост на вилата
Сместувањето е комплетно опремено за удобен престој.
Во собите и просториите има:
- Пешкири за тело и лице (посебно за секој гостин)
- Шампон и купка
- Фен за коса
- Пегла
- Сталажи за облека
- Завеси и квалитетни комарници на сите прозорци
Забава и комфор:
- Билјард
- Друштвени/социјални игри
- Netflix на телевизор
- HDMI поврзување со видеопроектор во поткровје за Netflix кино искуство
- Телевизорот има смарт приклучот каде освен Netflix може да се гледа телевизија, Youtube..
- Караоке звучник
- Пространа надворешна трпезариска маса со 8 столчиња
Кујна
Вилата располага со комплетно опремена кујна, погодна и за подолг престој.
Опремена е со:
- Фрижидер со замрзнувач
- Електричен шпорет со рерна и рингли
- Топла вода
- Кафемат на капсули (гостите може да си донесат еспресо капсули)
- Комплетен прибор за готвење
- Садови за до 8 гости
- Средства за хигиена
Интернет
Вилата располага со брз Wi-Fi интернет од T-Mobile, погоден за:
- Работа од далечина (remote work)
- Online состаноци
- Продолжен престој на планина
Паркинг
Вилата располага со приватен паркинг простор за повеќе возила, достапен непосредно до објектот.
Греење и ладење
Летен период
Ладење не е потребно, бидејќи по 20:00 часот температурите се значително посвежи, па често е потребна блуза или дуксер.
Доколку е потребно, особено за семејства со мали деца, достапни се електрични грејни тела.
Зимски период
- Клима уреди кои постигнуваат и до -25 степени
- Електрични грејни тела
Што има во околината?
Природен базен и река
Пред вилата тече планинска река која создава природен базен со кристално чиста вода.
На располагање има:
- Монтажни лежалки
- Надворешни столчиња
- Хамоци
- Јога стапки
Звукот од реката се слуша постојано и создава чувство како надвор постојано да врне.
Простор за скара
Гостите имаат пристап до:
- Скара
- Ќумур
- Додатна опрема
Природа и див свет
Вилата е опколена со:
- Густа шума
- Целосна тишина
- Богат животински свет
Во раните утрински часови може да се забележат:
- Елени
- Срни
- Верверички
- Лисици
- Зајаци
Во близина:
- 5 минути пешачење: изворот на минералната вода
- 5–10 минути пешачење: локални ресторани
- 10 минути со автомобил: Ски центар Кожуф (моментално со ограничен пристап поради градежни активности)
- 1 час и 30 минути пешачење: Брана Конско
Атракции во околината
- Ски центар Кожуф (во фаза на реконструкција и повторно отворање)
- Брана Конско
- Дрвото „Гол Човек“ (вид Arbutus andrachne кој расте само на Кожуф)
- Водопадот на Кожуф околу 60 метри височина, еден од највисоките во Македонија
- Извор на лековита минерална вода
- Локална црква Св. Илија, изградена на карпа
- Велосипедски рути од Смрдлива Вода до Брана Конско
Винарија Јостела
При враќање од Кожуф, гостите можат да ја посетат семејната винарија Јостела, каде со претходна резервација добиваат 20% попуст на дегустација.
Во каква област се наоѓа вилата?
Сместувањето се наоѓа до планинска река, опколено со густа шума и исклучително чист воздух.
Локалните жители често велат:
„1 секунда помината во оваа туристичка населба го продолжува животот за нови 10 секунди.“
Соседство
Населбата има пријателска и гостопримлива заедница, а соседите секогаш се подготвени да помогнат со:
- Совети
- Насоки
- Локални информации
Check-in / Check-out
Check-in
Од 14:00 часот
Доколку нема гости претходната вечер, можно е рано утринско пристигнување за максимално искористување на денот.
Check-out
До 11:00 часот
Недела: Доколку нема нови гости од недела можете да искористите викенд престој: одјавување до 20:00 часот, за гостите да можат целосно да уживаат во денот за одмор. Доколку има нови гости за ноќевање во недела, останува одјавување до 11:00 часот.
Клучеви
Клучот се подига од одговорни лица за сместувањето.
Промена на постелнина и пешкири
- Се менуваат по 3 ноќевања
- По барање може да се организира дополнителна промена
- За гости кои сакаат приватност, резервна постелнина и пешкири може да бидат оставени во вилата
Домашни миленици
Не е дозволен престој со домашни миленици
Сместувањето не е Pet Friendly.
Простор за велосипеди
Вилата располага со:
- Остава за велосипеди
- Простор на тераса за безбедно оставање